СРБИЈА

Кинескиот претседател пристигна во Белград

08.05.2024 08:45

Беше пречекан од претседателот Вучиќ, премиерот Вучевиќ и претседателката на Собранието Брнабиќ...

Кинескиот претседател Џинпинг синоќа пристигна во дводневна посета на Србија. Беше пречекан од претседателот Вучиќ, премиерот Вучевиќ и претседателката на Собранието Брнабиќ. За време на неговата втора посета на Белград во последните осум години, најавено е потпишување на повеќе од 30 договори.

Во Србија се преземени засилени безбедносни мерки, а делегацијата од 400 члена ја штитат околу 3 илјади и 400 припадници на безбедносните сили.