БРАЗИЛ

Расте бројот на жртви во поплавите во Бразил

08.05.2024 08:46

Спасувачите ги продолжуваат напорите за евакуација на луѓето низ јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул...

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Бразил. Досега се регистрирани 90 починати. Спасувачите ги продолжуваат напорите за евакуација на луѓето низ јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул.

Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека над 130 лица се водат како исчезнати, додека 155.000 луѓе останале без покрив над главата. Десетици луѓе сè уште чекаат да бидат евакуирани.