УКРАИНА

Осуетен обид за атентат на Зеленски

08.05.2024 08:32

Воздушниот напад предизвикал сериозни оштетувања на опремата во три термоелектрани...

Русија синоќа лансирала 50 ракети и 20 беспилотни летала врз украинската инфраструктура. Воздушниот напад предизвикал сериозни оштетувања на опремата во три термоелектрани. Според украински извори, гранатиран е и североисточниот регион Суми.

Од друга страна, властите во Луганск тврдат дека украинските сили нападнале складиште за нафта на периферијата на градот, што предизвикало пожар. Службата за државна безбедност на Украина објави дека е разоткриена мрежа на руски агенти која го подготвувала атентатот на претседателот Зеленски.

Уапсени се двајца полковници на Државната гарда.