Македонија
Изборниот ден е неработен за сите граѓани
08.05.2024 08:48
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија...

Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
Работодавците не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.
Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24-ти април. Според одлуката на технчката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.
