САД
Одложен судскиот процес против Трамп за тајните документи
08.05.2024 09:32
Ова е еден од четирите процеси што се водат против Трамп...

Федералниот суд во Флорида го одложи на неодредено почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп поради несовесно постапување со тајни документи. Ова е еден од четирите процеси што се водат против Трамп.
Судијата во кривичната постапка го одби барањето за поништување на судењето за аферата во којашто Трамп исплатил сума на пари во замена за молк. Трамп вели дека се соочува со обвиненија наместо да биде со граѓаните во сојузните држави пред изборите во ноември.
