Кина и Австралија со меѓусебни обвинувања за опасни воени дејствија во меѓународен воздушен простор
Вчера портпаролот на кинеското МНР кажа дека австралискиот хеликоптер намерно летал во близина на кинескиот воздушен простор и ја загрозил безбедноста...

Кина и Австралија со меѓусебни обвинувања за опасни дејствија во меѓународниот воздушен простор над Жолто Море. Вчера портпаролот на кинеското МНР кажа дека австралискиот хеликоптер намерно летал во близина на кинескиот воздушен простор и ја загрозил безбедноста.
Пекинг соопшти дека нејзината војска презела чекори за да предупреди австралиско летало. Австралиските власти со став дека е неприфатливо австралиски воен персонал да биде изложен на ризик во меѓународен воздушен простор.
Во инцидентот, кој се случил за време на операција на контрола на спроведувањето на санкциите против Северна Кореја, никој не бил повреден.
