ДИК

ДИК ја соопшти излезеноста на изборите до 9 часот

08.05.2024 10:00

Од Државната изборна комисија на прес – конференција денеска изјавија дека до 9 часот од 1.009 избирачки места, гласале 22.797 лица, односно 4.17 отсто...

Од Државната изборна комисија на прес – конференција денеска изјавија дека до 9 часот од 1.009 избирачки места, гласале 22.797 лица, односно 4.17 отсто.

Најголема излезеност за претседателските има во Пробиштип над 8 отсто, а најмала во Боговиње 0.57 отсто.

За парламентарните најголема излезеност има во Кривогаштани, а најмала во Боговиње.

Александар Даштевски кажа дека на неколку места имало технички проблеми, кои се решаваат, односно гласањето ќе продолжи со УВ ламба и спреј. Такви гласачки места има во Тетово, Куманово, Кочани и Гази Баба. Имало приговори за избирачко право и тоа 15. Од нив 3 се одбиени. Во 11 и 30 часот ќе има нови податоци за излезеноста.