Избори 2024

Во Велес гласањето се одвива без проблеми

08.05.2024 10:32

Избирачките места во Велес се отворени навремено со мали проблеми околу стартувањето на уредот за биометриска идентификација на гласачи...

На територијата на Општина Велес има 84 избирачки места. Вкупниот број на гласачи за претседателските избори е 44.858 додека за парламентарните избори е 44.954. До 10 часот вкупниот број на гласачи е 5.557 или 6,29 проценти. Избирачките места се отворени навремено со мали проблеми околу стартувањето на уредот за биометриска идентификација на гласачи. Од Велес известува Петар Печков.