ЦУК: Во последното деноноќие регистирани 1. 951 повик
Кон Полиција биле упатени 61,46%, кон Итната медицинска помош 30,90%, а кон пожарникарите 3,47% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 758 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (4,17%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (38,24%).

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.951 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 61,76%, а 38,24% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон Полиција биле упатени 61,46%, кон Итната медицинска помош 30,90%, а кон пожарникарите 3,47% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 758 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (4,17%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (38,24%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Според метеоролозите, денеска, ќе има локална појава на нестабилност, пороен дожд и грмежи, при што локално некаде процесите има можност да бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Препорачуваме и потсетуваме за голема внимателност при појавата на грмежите и молњите, односно силните електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
