Избори 2024

Штипјани го остваруваат гласачкото право

08.05.2024 10:42

Сите избирачки места, вкупно 80, се отворени во 7 часот. Право на глас имаат 41.379 граѓани...

Штипјани го остваруваат своето гласачко право. Сите избирачки места, вкупно 80, се отворени во 7 часот. Право на глас имаат 41.379 граѓани . Гласањето се одвива во најдобар ред, без проблеми. За парламентарни избори до 9 часот, излезеноста е 6.15 проценти а за претседателските 6.17 проценти. Како тече гласањето, известува Славица Величковска.