Спречен шверц на марихуана на ГП „Ќафасан“
Во акцијата на албанската полиција е уапсен 46-годишен жител на градот Корча, со иницијали Е.Г. кој го управувал возилото, марка „фолксваген“ во која била скриена дрогата, поделена во повеќе пакувања...

На граничниот премин „Ќафасан“, на албанско-македонската граница, екипи на албанската полиција спречиле шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Северна Македонија. Во акцијата е уапсен 46-годишен жител на градот Корча, со иницијали Е.Г. кој го управувал возилото, марка „фолксваген“ во која била скриена дрогата, поделена во повеќе пакувања.
Како доказен материјал, покрај марихуаната и возилото, полицијата запленила и два мобилни телефони. Истрагата, се додава во соопштението, продолжува и понатаму за целосно документирање на случајот и откривање на евентуално други инволвирани лица во оваа криминална активност.
Материјалите од досегашната истрага со доказите се предадени на тамошното обвинителство, стои во соопштението од Царина.
