Ковид-19

„Астра Зенека“ ја повлекува вакцината против Ковид-19

08.05.2024 11:38

Вакцината повеќе не може да се користи во Европската унија...

Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откако пред судот во Лондон призна дека истата може да предизвика ретки и опасни несакани ефекти. Вакцината повеќе не може да се користи во Европската унија.

Компанијата во моментов е тужена од повеќе од 50 луѓе за наводни несакани ефекти, но раководството тврди дека одлуката за повлекување не е поврзана со тужбите и дека развиле вакцини за нови соеви на Ковид-19 и имаат вишоци.