МВР

МВР информираше за неколку нерегуларности во текот на гласањето

08.05.2024 12:34

Изутрина пријавен инцидент во скопското село Радуша. На овластени партиски набљудувачи не им било дозволено да влезат во избирачките места ...

Од МВР информираа за неколку настани кои се случиле во текот на гласањето. Изутрина пријавен инцидент во скопското село Радуша. 

На овластени партиски набљудувачи не им било дозволено да влезат во избирачките места. На едно од лицата му биле дупнати и гумите на автомобилот при влез во селото. Во Крњево, едно лице пријавило сомнеж дека во домот на неговиот татко дошле лица од ДИК, за кои постоел сомнеж дека не се од Државната изборна комисија. 

Во тетовско биле уништени два банери со рекламен материјал.

А во Крива Паланка е фатено лице кое делело бонови за точење гориво на бензиска пумпа. За сите случаи полицијата презема соодветни истражни мерки.