Избори 2024

На гласачките места кај што беа пријавени технички проблеми, гласањето ќе продолжи со УВ ламба и спреј

08.05.2024 12:52

Технички проблеми со биометриските уреди утрово беа пријавени и на гласачки места во Тетово и во Гази Баба. На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми со биометриските уреди...

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми со биометриските уреди, гласањето ќе продолжи со УВ ламба и спреј. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски рече дека на сите останати места гласањето сè тече без проблеми. Технички проблеми со биометриските уреди утрово беа пријавени и на гласачки места во Тетово и во Гази Баба.

До 11 часот во ДИК стигнале 164 приговори за лично избирачко право. Од нив 50 се усвоени и на гласачите им е овозможено да го остварат правото на глас, седум приговори се отфрлени како неуредни, а девет приговори се одбиени. Останатите сè уште се во обработка.