Приговори за заштита на лично избирачко право
До ДИК доставени 267 приговори кои се однесуваат на заштита на лично избирачко право од кои 87 се усвоени, 27 одбиени и 9 се отфрлени, додека останатите се во тек на обработка...

Денеска граѓаните избираат шеф на државата и пратеници во Собранието. За претседателските избори со право на глас се 1.814.317 граѓани, а за парламентарните, во избирачкиот список се 1.035 гласачи повеќе. Државната изборна комисија го следи текот на гласањето за овие двојни избори и редовно информира за евентуални пријавени нерегуларности. ДИК ги соопшти најновите информации за излезеноста на двојните избори до 11 часот. „Може да се забележи дека во источна и централна Македонија повеќе гласачи гласале на претседателски избори, додека во западниот дел излезеноста е помала“, изјави Александар Даштевски, претседател на ДИК. До ДИК доставени 267 приговори кои се однесуваат на заштита на лично избирачко право од кои 87 се усвоени, 27 одбиени и 9 се отфрлени, додека останатите се во тек на обработка.
Од ДИК известува Елизабета Кузмановска
