Избори 2024
Мирно и достоинствено минува изборниот ден во Струга
08.05.2024 13:34
Во струшко мирно тече изборниот ден. Сите избирачки места се отворени навреме, точно во 7 часот и гласањето за парламентарните и вториот круг од претседателските избори тече нормално...

Во струшко мирно тече изборниот ден. Сите избирачки места се отворени навреме, точно во 7 часот и гласањето за парламентарните и вториот круг од претседателските избори тече нормално. Од Општинската изборна комисија според нивните податоци излезноста до 11 часот на територија на Општина Струга за парламентарните избори изнесува 9 отсто, додека за претседателските избори изнесува 7 отсто. Од Струга известува Соња Рилковска.
