Избори 2024
Набљудувачката мисија на ОДИХР на гласачко место
08.05.2024 13:37
Изборите ги следат 1.303 домашни и 860 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи...

Изборите ги следат 1.303 домашни и 860 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 83 странски новинари. Од странските набљудувачи најмногу акредитирани има специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР. Џилијан Стирк, шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР беше на гласачко место во Скопје, таа е дел од меѓународната мисија набљудувачи која утре попладне треба да ја даде првичната изјава за текот на претседателските и на парламентарните избори. Известува Ирина Гелевска.
