Фудбал – Бразил СП 2014

Холандија како прва во осминафинале!

23.06.2014 20:59

Холандија го совлада Чиле со 2:0 и со три победи и максимални девет бода го освои првото место во Групата Б. На „лалињата“ им одговараше и нерешено, па така ја поставија формацијата. Холандија ја затвори својата половина, не им остави простор за игра на напаѓачите на Чиле и чекаше шанса преку контранападите организирани од Робен кој овојпат беше без поддршка од суспендираниот Ван Перси.  

И покрај поголемиот посед на топката, Чилеанците за кои не настапи Видал, не создадоа притисок, па ниту посериозна шанса. Во финишот на мечот „Орање“ ја презеде контролата и тоа резултираше со голот на Фер кој штотуку влезе во игра и при првиот контакт со топката ја затресе мрежата на Браво за 1:0 во 77-та минута.  

Јужноамериканците се обидоа барем да избегнат пораз, но комплетното префрлување во офанзива ги чинеше втор гол. Противнападот тргна од Конголо, преку Де Јонг кој испрати долга топка до Робен чијашто асистенција, во судиското надополнување во конечни 2:0, ја претвори уште еден резервист, Депај.

Вторпат по ред, Холандија ја минува мундијалската група со три победи. Истото го направи во Јужна Африка во 2010-та кога играше во финалето. Со првото место, Холанѓаните најверојатно го избегнаа Бразил во осминафиналето, доколку домаќинот не изненади непријатно против Камерун. Ако се биде според очекувањата, Холандија ќе игра на 29 јуни во Форталеза против Хрватска или Мексико. На претставникот на КОНКАКАФ му одговара и нерешено.

Ако нема сензација, пак, Чиле на 28 јуни во Бело Хоризонте ќе се обиде да му се спротивстави на петкратниот светски првак Бразил, од кого беше елиминиран токму во осминафиналните во своите два последни мундијалски настапа. Во 1998-та „кариоките“ славеа со 4:0, додека пред четири години беа подобри со 3:0.