МВР

МВР и ОЈО регистрирале помали нерегуларности на избирачки места

08.05.2024 14:50

Изборниот процес тече во мирна атмосфера. МВР и Обвинителството регистрирале помали нерегуларности на избирачки места...

Министерството за внатрешни работи, досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето кое генерално се одвива мирно и без проблеми, информираа од МВР.

И од Јавното обвинителство со иста оценка „Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ државата, денешниот изборен ден поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес“.

И од МВР и со апел до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето, да се воздржат од инциденти. Доколку има какво било нарушување на изборниот процес, граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112, или да пријават во најблиската полициска станица.

 

Лидија Чакар