ДИК

Последни информации за двојните избори

08.05.2024 15:16

Државната изборна комисија го следи текот на гласањето до затворање на избирачките места. Одѕивот на претседателските избори до 13 часот е 22,79 отсто, на парламентарните 25,77 отсто...

Македонија гласа на двојни избори. Одѕивот на претседателските избори до 13 часот е 22,79 отсто, на парламентарните 25,77 отсто. За претседателските избори со право на глас се милион 814 илјади 317 граѓани, а за парламентарните, во Избирачкиот список се запишани илјада и 35 гласачи повеќе. Државната изборна комисија го следи текот на гласањето до затворање на избирачките места, а вечерва во 23.30 часот ќе ги објавите првите неофицијални резултати. Од Државната изборна комисија известува Елизабета Кузмановска.