ДИК: Излезеноста до 15 часот за претседателските избори 33,73%, а за парламентарните 37,44%
До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки места. Од вкупно запишани 1.172.912 гласачи на овие избирачки места, гласале 395.576 односно 33.73%...

До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки места. Од вкупно запишани 1.172.912 гласачи на овие избирачки места, гласале 395.576 односно 33.73%, соопшти Државната изборна комисија,
Според ДИК, најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Новаци, со 52.32%. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3.60%.
Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.39% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.84%.
До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2136 избирачки места. Од вкупно запишани 1.113.441 гласачи на овие избирачки места, гласале 416.915 односно 37.44%.
Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Крива Паланка, со 58.18%. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Центар Жупа, со 13.74%.
Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 5.66% на овие избори, информира ДИК.
