кенија
Десетици случаи на колера по поплавите во Кенија
08.05.2024 16:53
Според светската здравствена организација, 44 случаи на колера се регистрирани само на истокот во округот Тана Ривер, една од најтешко погодените области од поплавите...

Кениските власти пријавија десетици случаи на колера по неколкунеделни разорни поплави и дождови што ја зафатија земјата.
Според светската здравствена организација, 44 случаи на колера се регистрирани само на истокот во округот Тана Ривер, една од најтешко погодените области од поплавите.
Загриженост за ширењето на акутната инфекција изразија и ООН. Во поплавите досега загинаа 238 луѓе, а над 200 илјади домаќинства останаа без покрив над главата .
