Избори 2024
ДИК: До 17 часот на претседателските избори гласале 42.32%, на парламентарните 46,93%
08.05.2024 18:03
Најголема излезност на претседателските избори има во Новаци 66.47%, а најмала во Липково со 6,48%...

Според податоците на Државната изборна комисија до 17 часот гласале 452.412 гласачи, односно 42,32 %.
Најголема излезност на претседателските избори има во Новаци 66.47%, а најмала во Липково со 6,48%.
Најголема излезност на парламентарните избори има во Кривогаштани 79,73%, најмала во Маврово Ростуше со 22,32%, објави претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
