Привршува рокот за субвенции за лозја и овошни култури
24.06.2014 12:11
По 2,5 милиони денари ќе добијат земјоделците кои ќе инвестираат на најмалку половина хектар...

За подигнување на нови лозови и овошни насади годинава се обезбедени скоро 27,5милиони денари.
Право на овие пари имаат евидентираните земјоделци или трговец поединец со површина од најмалку половина хектар.Треба да имаат агрохемиска анализа на почвата , насади од листата на одобрени сорти и платени сметки за наводнување и за пашарина.
Неповратната финансиска поддршка може да биде на две рати или според реализацијата на инвестицијата.
30 јуни е крајниот рок за пријавување нови лозови и овошни насади, од 1 јануари до 1 април 2014 година.
Методија Трајков
