Избори 2024

Одѕивот на парламентарните избори е повисок, во споредба со претседателските- покажува статистиката

08.05.2024 18:40

Според статистиката, за претседателските избори за 15 години бројот на лица со право на глас пораснал за 22.289, а за парламентарните од 2014-та до денешните, за 35.242 лица...

Според статистиката, за претседателските избори за 15 години бројот на лица со право на глас пораснал за 22.289, а за парламентарните од 2014-та до денешните, за 35.242 лица. По правило, одѕивот е повисок на парламентарните, во споредба со претседателските избори.

При изборот за шеф на државата, во вториот круг во 2009-та одѕивот бил нешто над потребниот цензус од 40 насто, а највисок пет години подоцна, 54,4 проценти. Најголем одѕив за парламентарните имаше во 2016-та, 66,8 насто. Пред четири години гласале нешто повеќе од половина од запишаните во избирачкиот список.

Во првиот круг од претседателските избори на 24-ти април, гласаа речиси 50 проценти од запишаните граѓани во единствениот избирачки список.