Србија

Се откачи рингишпил во Србија, повредени 13 деца

08.05.2024 18:48

На панаѓур во Куршумлија денеска, околу 13 часот и 30 минути, се откорна метална конструкција од рингишпил при што се повредени 13 деца, од кои три се тешко повредени...

На панаѓур во Куршумлија денеска, околу 13 часот и 30 минути, се откорна метална конструкција од рингишпил при што се повредени 13 деца, од кои три се тешко повредени.

Како што пренесуваат српските медиуми, несреќата се случила откако метална конструкција се скршила на половина. Според информациите, во најкритична состојба е 13-годишно дете. Три деца се во Здравствениот дом Куршумли, седум во Прокупље, а едно дете е пренесено во Ниш. Две деца се пуштени на домашно лекување.

Според информациите, три деца се во Здравствениот дом во Куршумлија, седум во Прокупље, а едно дете е пренесено во болница во Ниш.