Затворени гласачките места
Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас на изборите за шеф на државата имаа 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.

Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат на вториот круг од седмите претседателски и на 11-те парламентарни избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас на изборите за шеф на државата имаа 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.
Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од двајцата претседатлески кандидати Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, кои освоија најмногу гласови во првиот круг на 24 април.
Во вториот круг на гласање ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 725.727 гласачи, како што е предвидено во Изборниот законик, а за него гласале 362.864 избирачи.
Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.
На eдинаесетите парламентарни избори, пак, право на глас имаа 1.815.350 избирачи. За парламентарните избори се гласаше согласно пропорционалниот модел во шест изборни единици. Гласање за парламентарните избори во дијаспората нема да се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.
Според првичните оценки на ДИК, МВР и набљудувачите, изборниот ден помина мирно и без поголеми проблеми.
