Избори 2024

ДИК: До 18:30 часот излезноста 46,34 проценти за претседателските избори, 53,15 проценти за парламентарните

08.05.2024 19:32

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Новаци, со 72.76 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 7.35 %.

До 18:30 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од  2044 избирачки места. Од вкупно запишани 1.014.400 гласачи на овие избирачки места, гласале 470.054 односно 46,34%.

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори  има во Новаци, со 72.76 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 7.35 %.

Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 1,84% на овие избори.

До 18:30 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од  1906 избирачки места. Од вкупно запишани 953.903 гласачи на овие избирачки места, гласале 507.040 односно 53,15%.

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори  има во Кривогаштани, со 82,43%. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Центар Жупа, со 18,62 %.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:

Изборна единица 1     59,14 %

Изборна единица 2     48,61 %

Изборна единица 3     57,87 %

Изборна единица 4     57,49 %

Изборна единица 5     53,45 %

Изборна Единица 6    37,36%

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 490 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 262 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 33 приговори се отфрлени како неуредни, а 88 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.