Избори 2024

СДСМ: Мирен и достоинствен изборен ден

08.05.2024 19:20

Таа додаде дека забележани се само некои незначителни неправилности, кои не влијаат во изборниот процес на кој граѓаните слободно можеа да ја искажат својата волја.

„Денес имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден. Изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја-членка на НАТО со почнати преговори со ЕУ“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција.

Таа додаде дека забележани се само некои незначителни неправилности, кои не влијаат во изборниот процес на кој граѓаните слободно можеа да ја искажат својата волја.

Одговарајќи на новинарско прашање за бојкот во општините со доминантно албанско население, Кузеска нагласи дека секоја партија за своите постапки во изборите треба да одговори пред себе и пред граѓаните.