Избори 2024

ВМРО- ДПМНЕ: Денес се случи народ, време е за ново поглавје

08.05.2024 19:27

ВМРО-ДПМНЕ со прва оценка за изборниот ден по затворањето на гласачките места.

Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и преку бојкот сакаше да се факторизира. ДУИ изгуби, бојкотот не им е успешен, извесно е дека одат во опозиција, изјави Тимчо Муцунски, на првата прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по гласањето на парламентарните и вториот круг од претседателските избори.

Отворениот бојкот од страна на ДУИ не успеа. Елитите на власта се поразени од народот. Денешниот ден е ги извади на површина сите игри на власта, а со тоа се покажа како точно тоа што го предупредуваме дека ДУИ посакува криза – рече Муцунски.

Тој посочи дека добрата вест е тоа што ДУИ изгубила дупло, бидејќи бојкотот не им е успешен и сосема е извесно дека партијата оди во опозиција.