Избори 2024

МВР: Мирен изборен ден, без посериозни нарушувања

08.05.2024 20:20

МВР констатира дека изборниот ден минал мирно и немало нарушувања на изборниот процес...

Во завршна прес конференција на МВР, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев констатираа дека изборниот ден поминал мирно и немало поголеми нарушувања на изборниот процес.

Сакам да им се заблагодарам на македонските полицајци кој работеа цел ден посеветено, но и на граѓаните кои покажаа дека заслужуваме да сме дел од европското семејство. Благодарност и до набљудувачите и до медиумите, кои сите допринесоа за да имаме мирен и демократски изборен ден, рече Тошковски.