ДИК: Цензусот за претседателските избори е исполнет
Даштевски соопшти дека постигнат е цензусот за претседателските избори. Така, до 18:30 часот од обработени податоци од 3.186 избирачки места одѕивот е 46,31 отсто, а на гласање излегле 767. 715. Најголема излезност има во Новаци 72,76 отсто, а најмала во Липково 7, 35.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски вечерва на прес-конференција оцени дека денешните двојни избори – вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори биле фер и демократски и дека успешно и професионално се спроведени.
Еднакво право на глас е дадено на сите граѓани. Тие гласаа по сопствена волја, истакна Даштевски, заблагодарувајќи им се на сите изборни органи за нивната работа, на медиумите за позитивното известување, како и до сите учесници во изборите.
Според него, и денеска се потврдиле оценките на меѓународните и на домашните организации за беспрекорно организирани избори во услови кога се спроведуваат два вида избори.
Даштевски соопшти дека постигнат е цензусот за претседателските избори. Така, до 18:30 часот од обработени податоци од 3.186 избирачки места одѕивот е 46,31 отсто, а на гласање излегле 767. 715. Најголема излезност има во Новаци 72,76 отсто, а најмала во Липково 7, 35.
Одѕивот на парламентарните избори е 53,30 отсто од обработени 3.186 отсто од гласовите односно на гласање излегле 887.767 граѓани. Најголема излезност има во Новаци 74,85 отсто, а најмала во Центар Жупа 18,62 отсто.
