Средба Груевски- Заев
24.06.2014 12:17
Премиерот во неделното интервју за МТВ изјави дека очекува разумност и дека е подготвен да разговара за сите прашања што се во интерес на државата...

Според најавите во Клубот на пратениците денеска треба да се случи тет-а-тет средба меѓу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Главно барање на лидерот на социјалдемократите е техничка влада што ќе спроведе нови избори.
Премиерот во неделното интервју за МТВ изјави дека очекува разумност и дека е подготвен да разговара за сите прашања што се во интерес на државата.
Во пресрет на состанокот, Парламентарното собрание на Советот на Европа со порака СДСМ да се врати во парламентот.
