Првични резултати

Парламентарни избори: ВМРО-ДПМНЕ 35,70%, ДУИ 20,48%, Вреди 17,37%, СДСМ 12,14%, Левица 5,74%, ЗНАМ 4,18%

08.05.2024 21:00

Првичните резултати од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 40,70 отсто од избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 118.498 гласови...

Првичните резултати од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 40,70 отсто од избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 118.498 гласови (35,70%), Европски фронт на ДУИ 67.959 (20,48%), Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 57.648 (17,37%), а Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 40.281 гласа (12,14%).

Лавица има 19.036 (5,74%), Движење ЗНАМ – За наша Македонија 13.886 (4,18%). Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаа под еден процент гласови.

Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.

Се гласаше согласно пропорционалниот модел во шест изборни единици. Гласање за парламентарните избори во дијаспората не се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.