Силјановска- Давкова со двојна предност пред Пендаровски
Според податоците на ДИК, Силјановска Давкова води во 67 општини, а Пендаровски во 12.
Првичните резултати од денешниот втор круг претседателски избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени речиси половина од гласачките ливчиња, води кандидатктата на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 361.279 (64,30%), а Стево Пендаровски од СДСМ има 166.120 (29,57%).
Според податоците на ДИК, Силјановска Давкова води во 67 општини, а Пендаровски во 12.
За претседател во вториот круг на гласање ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите.
ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.
Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
