ВМРО-ДПМНЕ 39,14%, ДУИ 17,46%, Вреди 14,41%, СДСМ 13,21%, Левица 6,44%, ЗНАМ 4,72%
Првичните резултати од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 54,36 отсто од избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 188.616 (39,14%)...

Првичните резултати од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 54,36 отсто од избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 188.616 (39,14%), Европски фронт на ДУИ 84.156 (17,46%), Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 69.445 (14,41%), а Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 63.641 (13,21%).
Лавица има 31.012 (6,44%), Движење ЗНАМ – За наша Македонија 22.741 (4,72%). Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаа под еден процент гласови.
Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.
