Претседателски избори 2024
Пендаровски го призна поразот и честиташе нов претседател и нова влада
08.05.2024 22:00
Напомена дека совеста не е мирна на оние кои не гласале за претседател и се одлучиле да бојкотираат...

Стево Пендаровски го призна поразот, и честиташе победа на победниците. Воедно напомена дека совеста не е мирна на оние кои не гласале за претседател и се одлучиле да бојкотираат.
„Резултатите се јасни и немам намера подетално да ги разлагам. Согласно резултатите досега им честитам на победниците, да им посакам успешна работа во следните четири, односно пет години. Мојот концепт за мултиетничка Македонија денеска не доби мнозинска поддршка од граѓаните. Јас сум уверен дека само таква Македонија може да биде просперитетна и демократска држава“, рече Пендаровски.
