Избори 2024

Ковачевски ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ, призна дека резултатот е разочарувачки

08.05.2024 22:39

Повика на нови избори на сите органи и тела на партијата и нагласи дека тоа треба да биде процес на длабока внатрешна консолидација и промена внатре во СДСМ.

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на прес- конференција ја честиташе победата на политичкиот опонент на парламентарните избори, како и победата на Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори.

Нагласи дека резултатот е разочарувачки и дека ова е голем удар на СДСМ. Повика на нови избори на сите органи и тела на партијата и нагласи дека тоа треба да биде процес на длабока внатрешна консолидација и промена внатре во СДСМ. Најави обновување на идеолошката матрица и создавање на силен кадровски потенцијал, како и реформа на организациската поставеност внатре во партијата.

Клучно на консолидацијата на СДСМ ќе биде враќање кој победничките патеки.