Силјановска- Давкова: Ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани
Кандидатката за претседателка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска – Давкова, во своето вечерашно обраќање рече дека гласовите на граѓаните се непроценлива награда за неа...

Кандидатката за претседателка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова, во своето вечерашно обраќање рече дека гласовите на граѓаните се непроценлива награда за неа, која значи огромна одговорност како идна претседателка на Македонија.
„Се прашувам неколку часа, со што ја заслужив оваа чест, јас знам дека се подготвував, знам дека се посветив на кампањата, знам дека го зборував она што го мислев, а не она што некој очекува да го слушне, наградата е непроценлива за мене“, рече Силјановска Давкова.
Изрази незадоволство од бојкотот на претседателските избори од страна на ДУИ, оценувајќи го како политички притисок.
Во своето обраќање, додаде дека ќе биде претседател на сите граѓани.
„Тврдам дека од овој момент, овде, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани“, истакна Гордана Сиљановска – Давкова.
