Избори 2024
Мицкоски: Народот ја одржа најважната лекција, нема да го разочараме
08.05.2024 23:16
Народот ја одржа најважната лекција, нема да го разочараме, изјави во својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Народот со гласачко ливче го победи криминалот и корупцијата. Народот ја одржа најважната лекција, нема да го разочараме, изјави во својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Нема да ве разочараме, резултатите од нашата работа ќе се покажат во првите 100 дена од владата“, рече Мицкоски најавувајќи добри економски вести за државата.
Најави дека земјава за брзо време ќе добие нова влада низ транспарентен процес. Посака власта во заминување да научи од грешките, бидејќи на земјата ѝ е потребна силна опозиција.
