Цените во Македонија за половина пониски од европскиот просек
Регионално, блиску до нас се Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Бугарија, која е земја членка на Европската Унија...

Цените во Македонија се речиси половина пониски во однос на европскиот просек. Во најновиот извештај на Европскиот завод за статистика се посочува дека потрошувачките цени во Македонија се на ниво од 47 отсто од Европа.
Регионално, блиску до нас се Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Бугарија, која е земја членка на Европската Унија.
Највисоки се цените во Данска со дури 40 отсто над европскиот просек, Луксембург со 23 насто повисоки цени, шведска со 30 проценти, потоа следува финска со 23 насто, каде граѓаните плаќаат повиски цени далеку над европскиот просек.
За Македонија, бројките покажуваат дека облеката се продава по речиси Европски цени, додека значајно поефтини се алкохолот и тутунот.
Цените на храната во државава изнесуваат скоро 60 отсто од европските, вели статистиката.
