ОЈО

ОЈО: Изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања

09.05.2024 09:02

Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство...

Јавното обвинителство соопшти дека изборниот ден поминал генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти. Во кавадаречкото обвинителство е оформен предмет по поднесено известување против лице од Неготино кое било пријавено од граѓанин за кривично дело, повреда на слободата на определување на избирачите. 

Во Кочани имало организирано носење на гласачи на избирачко место, во Ростуше пријава дека едно лице вршело поткуп на гласачи, но по проверките, наводите не се потврдија со ниту еден доказ, велат од Обвинителството.

Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.