Продолжуваат израелските напади во Појасот Газа
Се уништуваат цели на Хамас во јужниот пограничен град Рафах. Палестинските власти обвинуваат за гранатирање во област каде што не била извршена претходна евакуација на цивилите...

Израелските напади во Појасот Газа продолжија. Се уништуваат цели на Хамас во јужниот пограничен град Рафах. Палестинските власти обвинуваат за гранатирање во област каде што не била извршена претходна евакуација на цивилите.
„Ние сме во центарот на Рафах, ниту на исток, ниту на запад-туку среде Рафах. Артилеријата непогоди. Со свои очи ги видов сите деца, никој не беше ниту војник, ниту имаше врска со некаква политичка партија“, изјави Палестинец.
САД ја прекинува испораката на бомби за Тел Авив сигнализирајќи загриженост за инвазијата во Рафах.
„Бевме многу јасни дека не треба да изврши голем напад во Рафах без да поднесе план и да ги заштити цивилите кои се во борбениот простор“, изјави Лојд Остин – секретар за одбрана на САД.
ООН посочија дека хуманитарната ситуација е исклучително тешка и дека се клучните медицински установи во Рафа наскоро би можеле да станат недостапни или нефункционални. Директорот на ЦИА, Барнс се состана со премиерот Нетанјаху по што се врати на преговарачката маса во Каиро во обид да обезбеди прекин на огнот во Газа. Во меѓувреме, продолжија нападите со Хезболах на либанска територија.
