Македонија ја добива првата Академија за банкарство

24.06.2014 12:38

Најголемите банки во партнерство со НБРМ и Економскиот институт при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, ја формираат образовната организација „Академија за банкарство и информатичка технологија“...

По примерот на европските земји и Македонија ја добива првата Академија за банкарство во форма на фондација. На основачкото собрание ќе присуствува и гувернерот на Народна Банка, Димитар Богов.

Најголемите банки во партнерство со НБРМ и Економскиот институт при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, ја формираат образовната организација „Академија за банкарство и информатичка технологија“.

Нејзината мисијата е да се создадат современи концепти на специјалистичко образование и да се постават нови професионални образовни стандарди во двете најпреспективни и силно поврзани индустрии во светот, банкарската и информатичката.

До 10-мина кандидати годишно кои ќе ги посетуваат програмите, добиваат можност за вработување во една од банките кои го поддржаа концептот на Академијата за банкарство и информатичка технологија.