Македонија

ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопштат првичните оценки за двојните избори

09.05.2024 09:48

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска на прес-конференција во 15 часот ќе ги соопштат првичните согледувања од мониторингот на вчерашниот втор круг од претседателските избори и на парламентарните избори...

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска на прес-конференција во 15 часот ќе ги соопштат првичните согледувања од мониторингот на вчерашниот втор круг од претседателските избори и на парламентарните избори.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за мониторинг на изборите имаше повеќе од 300 набљудувачи на гласачки места низ државава за следење на процесот на вториот круг од претседателските избори и на парламентарните избори.