ЦУК

ЦУК: Изминатото деноноќие еден пожар во охридско

09.05.2024 09:52

На отворено бил евидентиран во последното деноноќие во пладневните часови во Охрид, а во Гевгелија пожарникарите гаснеле запалено влечно возило – локомотива од воз, на железничката станица, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК)...

Еден пожар на отворено бил евидентиран во последното деноноќие во пладневните часови во Охрид, а во Гевгелија пожарникарите гаснеле запалено влечно возило – локомотива од воз, на железничката станица, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Регионалниот ЦУК Охрид информира дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, вчера од 11:10 до 12:10 часот, со двајца пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалено стрниште во село Рамне.

Од Регионалниот ЦУК Струмица соопштиле дека пожарникарите од ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возила и двајца пожарникари сношти од 00:30 до 01:07 часот имале интервенција за гаснење на запалено влечно возило – локомотива од воз, на железничката станица во Гевгелија, при што нема повредени лица. Пожарот е целосно изгаснат. Штетата дополнително ќе се утврдува.