Изложба

Изложба на Камуран Горанци - „Код 4“ денеска во Чифте амам

09.05.2024 09:58

Ќе бидат изложени 22 дела изработени во техниката акрилик на платно кои се работени во периодот од 2020 до 2024...

Во Чифте амам денеска ќе се отвори изложбата „Код 4“ на Камуран Горанци од Косово. Ќе бидат изложени 22 дела изработени во техниката акрилик на платно кои се работени во периодот од 2020 до 2024.

Сликите имаат техничка еволуција од неговите претходни изложби „Код 1“ во Келн, „Код 2“ во Тирана и „Код 3“ во Скадар. Куратор е Зени Балажи.

Горанци е роден во Призрен во 1955. Дипломирал на Академијата за уметности во Приштина, насока сликарство, а во 1981 магистрирал сликарство на Академијата за уметности во Белград.