Со онлајн курсеви младите во Струга го развиваат претприемништвото
Професори од Кејс Вестерн универзитетот од Кливленд, Соединетите американски држави, споделуваат он-лајн курсеви со младите членови од Американското катче во Струга. Целта е да им помогнат во развојот на способностите за поттикнување на економскиот развој и отворање нови работни места...

Младите треба непрекинато да се образуваат во која било насока од нивниот живот. Подобрувањето на перформансите кај младиот човек ќе значи и поквалитетно општество како и повеќе шанси за отворање сопствен бизнис. Со споделување на искуствата од развиените земји како што се Соединетите Американски Држави која е всушност и целта на курсот што се одржува во Струга, учесниците од нашата земја ќе бидат чекор поблиску до започнување со свој бизнис.
„Посебно е значајно за еден млад човек кој сака да најде работа, да се научи многу за тоа како можеме утре ние младите да најдеме работа а посебно како да започнеме сопствен бизнис“, вели Јетмир Зиба ученик на првиот онлајн курс од Струга.
Професорот од Универзитетот во Кливелнд кој 6 недели се дружеше, само преку камера со своите студенти во Македонија дојде во нашата земја и лично да се запознае со нив.
„Ова е прв курс во Македонија и секако сите оние кои сакаат да го слушаат може тоа да го направат повторно од 3 Октомври 2014 година, посебно затоа што студентите од Република Македонија беа целосно вклучени во овој курс, имавме одлична комуникација и се покажаа како многу добри студенти“, рече Мајкал Голберг, професор на Кејс Вестерн универзитетот во Кливленд, Охајо.
И од општина Струга директно се вклучени во оваа програма која има за цел младата популација да прибира искуства од равиените земји и да ги имлементира во нашето општество.
„Она што го разговаравме со учесниците на обуката беше паралела помеѓу она што го работи градот Кливленд за поттикнување на економскиот развој таму и она што се случува како можни извори во Македонија во сверата на старт ап бизнисите“, вели Владислав Жупан од локалниот економски развој при општина Струга.
Американското катче и во иднина ќе продолжи со вакви и слични активности. Вакви катчиња во нашата земја има во Скопје, Битола, Тетово, Струга и Штип.
Јованчо Наумоски
