Унгарија
Си на средба со Орбан
09.05.2024 13:36
Кинескиот претседател Си Џинпинг, на последната станица на европската турнеја на средба со унгарскиот премиер Орбан и официјални претставници во Будимпешта...

Кинескиот претседател Си Џинпинг, на последната станица на европската турнеја на средба со унгарскиот премиер Орбан и официјални претставници во Будимпешта, на разговори за војната во Украина и за локалните инфраструктурни проекти.
Си пристигна во главниот град на Унгарија по средбата со српскиот претседател Вучиќ во Белград.
Неговата европска турнеја почна на 5-ти мај во Франција, каде што претседателот Макрон и лидерите на ЕУ го повикаа да ги олесни кинеските трговски ограничувања и да го притисне рускиот претседател Путин да стави крај на инвазијата на Украина.
