Македонија

Одбележан Денот на Европа

09.05.2024 13:37

Со положување цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје“, одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа...

Со положување цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје“, одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

На 9-ти мај, Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик за создавање на денешната Европската унија. Идејата на Шуман за здружување на западногерманската, италијанската и француската индустрија за јаглен и челик се реализираше веќе на 18 април 1951 со потпишувањето на Парискиот договор за создавање на Европската заедница за јаглен и челик.

Договорот стапи во сила на 23 јули 1952 година кога официјално беше формирана Европската заедница, која ја сочинуваа Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Холандија и Франција.